„Нула отпад“ бесплатно ќе собира електричен отпад од домаќинствата во Аеродром

Во борбата за почиста животна средина се вклучи и општина Аеродром, со промоција на новиот начин на собирање електричен и електронски отпад од домаќинствата.

 

Оваа акција се спроведува во соработка со колективниот постапувач „Нула отпад“, кои се задолжени за превземање на старите телевизори, машини за перење, бојлери или малите уреди за домаќинство. За олеснување на процесот отворена е и телефонска линија на која може да се пријави стариот електричен или електронски отпад.

 

Казната за фрлање електричен отпад, во садови предвидени за комунален отпад изнесува 60 евра, но досега не е изречена ниту една казна од страна на комуналните инспектори, рече денеска Александра Пановска- Илиевска од „Нула отпад“, предупредувајќи ги граѓаните дека стариот електричен отпад содржи канцерогени материи, кои при несоодветно постапување можат да бидат опасни по здавјето.

 

Според досегашното искуство, кај граѓаните постои голем интерес за ваков тип акции, со кои на лесен и едноставен начин се ослободуваат од неисправните уреди за домаќинство, за кои инаку самите би требало да организираат соодветно депонирање.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.