Крводарителна акција во Општина Аеродром
- Детали
- Категорија: Аеродром
- Создадено: 28 Јануари 2019
Денеска во просториите на Општина Аеродром беше спроведена крводарителна акција во соработка со Црвен крст на Република Македонија.
Кон акцијата се приклучија околу 40 граѓани, од кои дел се вработени во Општината, како и многу хумани граѓани.
Хуманите граѓани кои денеска даруваа крв ги поддржуваат ваквите хуманитарни акции и велат дека ќе продолжат и понатаму да ја даруваат скапоцената течност за да спасат живот.
Општина Аеродром ги поддржува ваквите акции на хуманите луѓе и крводарители во дарување крв и спасување нечиј живот, па апелираат до граѓаните постојано и несебично да ја даруваат скапоцената течност што спасува многу животи.
.be
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс