Се реконструираат сервисните улици во Општина Аеродром

Општина Аеродром врши одржување и реконструкција на сервисните улици на целата територија на општината.

 

Како што соопштија од општината, деновиве се реконструираат краци на улицата „Божин Николов – Силни“ во Горно Лисиче. Станува збор за неколку руинирани и дотраени сервисни улици во должина од 50 метри.

 

Од Општина Аеродром велат дека овие активности за тековно одржување на улиците продолжуваат и во наредниот период.

 

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.