Аеродром ќе ги подобрува условите за живот на пензионерите

Меморандум за соработка за подобрување на условите за живот на пензионерите во општина Аеродром денеска потпишаа градоначалникот Златко Марин и претседателот на Здружението на пензионери „Солидарност ­- Аеродром“, Димитрија Богатиноски.

 

Со меморандумот се планира и да се подобрат условите за тековно функционирање на Здружението, кое има 14.000 членови и да се обезбеди континуирано информирање на членовите за прашања и настани од културно-забавниот и социјалниот живот.

 

Како што соопшти Општина Аеродром, градоначалникот Марин истакнал дека oпштината ќе продолжи да ја поддржува оваа категорија граѓани, а Богатиноски изразил благодарност и убеденост дека во иднина на сите прашања ќе им се пристапува заеднички.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.