Нова улица кај висококатниците во Аеродром

Жителите кои живеат кај висококатниците во Аеродром ќе добијат нова улица. Од општината информираат дека почната е изградба на новата улица и ќе го носи името „Новопроектирана 3“.

 

Како што информираат од Општина Аеродром досега се изведени околу 250 метри, а Град Скопје треба да обезбеди влез од булеварот „Србија“. Улицата е широка 12 метри, има четири ленти и тротоари од двете страни со широчина од по два метра.

 

Исто така, изведени се фекална и атмосферска канализација, како и улично осветлување. Оваа улица се очекува дополнително да го растовари сообраќајот во тој дел од Општина Аеродром.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.