Реконструкција на патот Јурумлери – Драчево

Се реконструира регионалниот пат Јурумлери – Драчево што поминува низ Долно Лисиче.

 

Со реализација на овој проект, како што информира Општина Аеродром, регионалниот пат во Долно Лисиче ќе биде целосно реконструиран и долгорочно ќе се реши повеќегодишниот проблем со несоодветна инфраструктура за локалното население.

 

Се работи за многу фреквентен пат и прв од 12-те најоштетени делници што ќе се реконструираат во претстојниот период. За оваа намена се обезбедени 14 милиони евра од Светска банка.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.