Велигденски средби во црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче

 

В недела, 28.4.2019 година, во дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче по 31-ви пат ќе се одржат традиционалните Велигденски средби што секоја година ги организира Црковниот одбор на православниот храм по повод Велигден.

 

Средбата ќе почне во 11:00 часот, веднаш по завршувањето на Велигденската литургија во црквата.

 

На големиот народен собир со богата културно-уметничка програма ќе настапат голем број естрадни ѕвезди, а според досегашното искуство, организаторите очекуваат присуство и на голем број граѓани. Оваа година на Велигденските средби ќе настапат Круме Спасовски, Даниела Темелковска, Марјан Коцев, Виданка Георгиева, Никола Костадиновски, Гоце Касаповски, Сани, како и културно-уметничкото друштво „Никола Јонков Вапцаров“ од Горно Лисиче и оркестарот „Фортуна“.

 

Црковниот одбор ги повикува православните верници да се приклучат кон прославувањето на овој голем христијански празник и да ја посетат црквата „Св. Петар и Павле“, чии порти се отворени за сите граѓани.

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.