Превентивни мерки во Општина Аеродром во очекување на обилните дождови

Општина Аеродром ги презема сите мерки за превентивно и навремено интервенирање при евентуални несакани штети, по најавата на Управата за хидрометеоролошки работи за очекувани интензивни врнежи од дожд.

 

Во координација со Дирекцијата за заштита и спасување, соопштија денеска од Општина Аеродром, се расчистуваат одводните канали и шахти за да се спречи нивно прелевање на целата територија на општината.

– Сезонските работници се веќе на терен и ја чистат реката под мостот во Долно Лисиче, а во текот на денот се очекува да биде испратена и целокупната механизација со која располага Општината, стои во соопштението.

 

Од Општина Аеродром им препорачуваат на граѓаните да ги преземат сите мерки за заштита на своите домови и да ги следат препораките на УХРМ. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.