Општина Аеродром апелира до граѓаните да не поставуваат штетни материи на јавни површини

Општина Аеродром апелира до граѓаните да не поставуваат штетни материи на јавни површини, кои претставуваат опасност за домашните миленици, бездомните животни и децата што си играат во парковите.

 

Локалната самоуправа добила информации дека на јавните површини во општината има расфрлено отров, со што се загрозува животот на животните и на луѓето.

 

– Инспекциските служби на Општина Аеродром се на терен, а сезонските работници го пребаруваат секој сомнителен реон, информираа од Општина Аеродром.

 

Повикуваат, доколку забележите супстанција за која сметате дека е опасна, пријавете во полициската станица „Аеродром" на телефонскиот број 02/2432-362, нагласувајќи дека исклучително е важно да не допирате ништо и да не ја напуштате локацијата сѐ додека не дојде претставник од полициската станица. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.