Изречени мандатни казни за прекршоци на градилиштата во Општина Аеродром

Инспектори од Општина Аеродром деновиве вршат интензивни контроли на градилиштата на територија на општината при што е констатирано дека на улицата „Гаврил Константиновиќ“ каде се врши ископ за отпочнување на градежни активности, инвеститорот не поседува правосилно одобрение за градење.

 

Поради ова, како што информираат денеска од Општина Аеродром, му е наредено на инвеститорот да го врати ископот во првобитната состојба.

 

Контроли се вршат и на градилиштата во Стар Аеродром. Само во текот на вчерашниот ден, пак, комуналните редари изрекле пет мандатни казни за прекршоци.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.