Во Аеродром продолжува санација на дупки на улиците

По подобрувањето на временските услови, Општина Аеродром продолжи со санација на ударните дупки на улиците што се под нејзина надлежност.

 

Во изминатиот период беа санирани дупки на улици во Горно Лисиче, населба Лисиче и Реонски центар во Аеродром, деновиве се работи на санација на ударните дупки на улицата „23 Октомври“ во населбата Острово.

 

Како што соопштија од Општина Аеродром, овие активности ќе продолжат и во наредниот период, со цел да се подобри патната инфраструктура и да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.