Општина Аеродром ги ослободува заробените дрвја

 Општина Аеродром ги ослободува сите дрвја што се заробени на неколку локации на територијата на Општината.

 

Како што појаснуваат од Општината во соопштение, станува збор за дрвја чии стебла се целосно забетонирани или затворени со бекатон-плочки што го оневозможува нивното растење.

 

На територијата на Општина Аеродром се детектирани околу 20 вакви дрвја, кои се наоѓаат по должината на булеварите „12-та македонска бригада“ во населбата Лисиче, „Јане Сандански“ и АСНОМ, неколку во Горно Лисиче, како и на улицата „23 Октомври“. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.