Од утре почнува фестивалот „Гола месечина“

Жителите на Аеродром и градот Скопје годинава ќе имаат можност по шести пат да го проследат Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“.

 

Директорот на Театар Комедија, Сашо Ристовски, најави дека и годинава ќе има квалитетни претстави, така што покрај дел од македонските театри, со свои комедии ќе настапат и театрите од Ниш, Србија и Загреб, Хрватска.

 

Претставите, од 2 до 9 септември, ќе се играат во спортскиот центар „Ново Лисиче“ секој ден од 20:00 часот, а влезот е бесплатен.

 

Инаку, „Гола месечина“ има натпреварувачки карактер и традиционално ќе бидат доделени награди избрани од тричлена меѓународна жири-комисија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.