Нов паркинг во Аеродром

Се гради нов паркинг во непосредна близина на детската градинка „Буба Мара“ во Ново Лисиче.

 

 

Изградбата на овој паркинг-простор, со кој се обезбедуваат 50 нови паркинг-места е во завршна фаза. Паркингот е адаптиран на посочениот простор и притоа се зачувани дрвјата на постоечката локација.

 

Со неговата изградба се решава долгогодишниот проблем на жителите од околината. Општина Аеродром во изминатиот период, исто така, ги прошири паркинзите на три локации во непосредна близина на булеварот „Видое Смилевски-Бато“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.