Се санираат вандалски оштетените игралишта во Аеродром

Екипи на Општина Аеродром утринава веднаш почнаа да ги поправаат оштетените детски игралишта што викендов беа цел на вандали.

 

Најголема штета е забележана на детското игралиште во населбата Лисиче во непосредна близина на крстот, а оштетени се и новопоставената новогодишна елка во населбата Мичурин, како и други украси на повеќе локации.

 

„Изминатите месеци вандали уништија реквизити и на други детски игралишта во општина Аеродром, а беа запалени и повеќе контејнери. Сите случаи се пријавени во полиција“, информираат од општина Аеродром.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.