Општина Аеродром со повик за отстранување хаварисани и нерегистрирани возила

Општина Аеродром ги известува сопствениците на хаварисани и нерегистрирани возила дека е потребно да ги отстранат од јавните површини во најкраток можен рок.

Во спротивно, велат од Општината, овие возила, приколки и камп-приколки што се паркирани на плочници и тревници веднаш ќе бидат отстранети од надлежните служби.

„Паркирањето вакви возила на јавни површини е забрането и тие, покрај тоа што ја нагрдуваат сликата за општината, претставуваат и опасност за граѓаните и за животната средина“, се наведува во соопштението.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.