Аеродром првпат надмина 1.000 активни случаи на заразени од коронавирус

Општина Аеродром, која е најголемото скопско жариште на коронавирус, првпат надмина 1.000 активни случаи на заразени.

Според последните податоци на Министерството за здравство, во Аеродром има 1.021 активен случај, по што следуваат Карпош (892), Центар (848) и Гази Баба (847). Зад нив е Кисела Вода со 780 заразени, Ѓорче Петров (527),  Чаир (378) и Бутел (350). Другите скопски општини имаат двоцифрени бројки на заразени.

Ианку, во Скопје во моментот има 6.372 активни случаја на коронавирус. Само денеска во главниот град беа регистрирани 569 новозаразени лица, а починаа 4 пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 37.499, бројката на оздравени пациенти е 22.835, на починати е 1.096, а бројот на активни случаи изнесува 13.568.

На целата територија за 24 часа беа забележани нови 1.128 случаи на заразени, починаа уште 12 лица, а се излекуваа 307.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.