Во тек се градежните работи на паркот „Бојмија“

„Привршува изградбата на паркот „Бојмија“ лоциран во населбата Острово, во непосредна близина на училиштето „Браќа Миладиновци“, информираат од Општина Аеродром. 

Во паркот се поставени нови патеки поплочени со павер-елементи со дебелина од 5 см, приспособени и за лицата со посебни потреби.

Во рамките на паркот се градат детско игралиште со современи реквизити, фитнес-зона со справи за вежбање, како и ново професионално фудбалско игралиште со нова тревна подлога и модерен дренажен и автоматски систем за наводнување.

Паралелно паркот се збогатува и хортикултурно се уредува со висока и ниска вегетација.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.