(Видео) Митевски: Марин во време на пандемија ќе потроши 3,2 милиони денари за опрема за озвучување

Златко Марин во време на пандемија ќе потроши 3.200.000 денари за набавка на опрема за озвучување и хепенинзи, изјави Дејан Митевски, претседател на Општински комитет Аеродром на ВМРО-ДПМНЕ.

.be

„Власта предводена од СДСМ и Марин во време на пандемија ќе потрошат 3.200.000 денари за набавка на опрема за озвучување и хепенинзи. Чекаше повеќе од осум месеци по спроведена постапка за јавна набавка да потпише договор со фирма која е чест добитник на тендери во општина Аеродром, чија понуда доставена во март 2020 година е истечена, а дополнително, со договорот заради техничка соработка се ангажира и компанија која престанала да постои во мај 2020 година“, рече тој.

Митевски вели дека Марин распишал и тендер за новогодишно осветлување за потребите на општина Аеродром, кој сè уште не се знае колку ќе чини.

„Немаше друга побитна работа во општината да се сработи, дојдено беше до новогодишни прослави и осветлувања. По примерот на Шилегов, можеби ќе се обиде и да го оправда и овој тендер, дека е во интерес на граѓаните, но освен за негов личен, Марин не знае за друг интерес“, рече Митевски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.