Општина Аеродром го повлекува конкурсот за новинари

Општина Аеродром донесе одлука да го повлече неодамнешниот конкурс за новинари за промоција на европските вредности, информираат од општината.

Конкурсот се однесуваше на новинарски статии од областа на заштитата на животната средина, модернизација на урбаното живеење, подобрување на квалитетот на живот и руралниот развој.

Одлуката за повлекување на повикот е донесена по денешната средба на градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, со претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Младен Чадиковски и со извршниот директор на ЗНМ, Драган Секуловски.

Имено, иако нема законски ограничувања, ниту пак, се очекуваше необјективност при известувањето, сепак, општината одлучи да го повлече новинарскиот повик.

Претставниците на ЗНМ на средбата ја поздравија одлуката за повлекување на конкурсот и истакнаа дека треба да се избегнуваат вакви практики со цел да не се добие впечаток дека со јавни пари може да се влијае на начинот на известување на новинарите.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.