Бесплатно изнајмување велосипеди во Општина Аеродром

Од денеска граѓаните можат бесплатно да изнајмат велосипед од Општина Аеродром во периодот од 8 до 16 часот секој работен ден.

За таа цел, Општината става на располагање 10 велосипеди пред општинската зграда, кои можат да се подигнат со оставање лични податоци и телефон за контакт на пријавницата.

„Со бесплатното изнајмување велосипеди за граѓаните, како и со повеќегодишното субвенционирање за набавка на велосипеди, сакаме да поттикнеме здрави навики кај нашите жители и да ја заштитиме животната средина“, изјави градоначалникот Златко Марин.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.