Зголемен бројот на туристи

Зголемен бројот на туристи

Бројот на туристите во Македонија во периодот јануари - март 2018 година е зголемен за 17,3 отсто во однос на истиот период лани, а на ноќевањата за 17,7 проценти, покажува статистиката.


Раст на бројот на туристи од 25,1 процент е евидентиран и за март годинава во споредба со истиот месец лани, како и на ноќевањата, за 18,7 отсто. 


Според  Државниот завод за статистика, бројот на туристите во март 2018 година изнесува 53.836, а бројот на ноќевањата 108.638. Бројот на домашните туристи во март 2018 година во однос на март 2017 година е зголемен за 18,5 отсто, а бројот на странските туристи за 28,4, додека бројот на ноќевањата на домашните туристи е зголемен за 3,6 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи за 28,5. 


Во периодот јануари - март кај домашните туристи има зголемување за 10,1 отсто, а кај странските за 21,5. Кај ноќевањата, пак, зголемувањето е кај 12,5 отсто домашните туристи и 21,4 проценти кај странските.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.