All for Joomla All for Webmasters

Намалено производството во металургијата

Металургија

И покрај позитивниот глобален тренд во металургијата посебно од почетокот на 2017 година, кај нас состојбите во физичкиот обем на производство се неповолни, оцени денеска Стопанската комора на Македонија. 


Во периодот јануари-март 2018 производството на метали е намалено за 18,4 проценти во однос на истиот период лани. 


- Податокот е уште поалармантен ако се има предвид дека минатата година намалувањето на производството беше над 15 отсто, истакна Зорица Мешкова од Комората.


Според неа, основната причина за ваквите податоци е нефункционирањето на двата најголеми металуршки капацитети, Фени и Југохром. 


Состојбата се рефлектира и врз извозот кој кај металите е на истото ниво како лани и  во првите три месеци од годинава изнесува 187 милиони американски долари.

   

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
       

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.