Малите и средни бизниси се грбот на економијата

Бугарско-македонска соработка

Нови деловни поврзувања и пристап до европските проектни фондови овозможува договорот за соработка кој денеска го потпиешаа Обединетите бизнис клубови од Бугарија со Бугарско Македонскиот Бизнис Клуб.

 

Во моментов ОБК, брои 2500 членки, а целта е да се грижи за микро, мали и средни претпријатија, за занаетчии и самовработени. Претседателот на Бугарско - македонслиот бизнис клуб Никола Поп Илиев на денешното потпиешување рече дека со оваа соработка ќе се отвори широко поле на можности како со поврзување на голем број фирми од Бугарија така и поврзување со европските фирми кои се во соработка со оваа асоцијација.


Обединетите бизнис клубови ќе настојуваат да им помогнат на членките на БугарскоМакедонскиот Бизнс Клуб во поврзувањето со своите членки, како и во создавањето можности за нови заеднички проекти и иновации. Претседателот на Обединетите бизнис клубови, Веселин Халачев рече дека малите и средните бизниси се грбот на економијата на ЕУ. Нивната поддршка е една од основните политики на Европската комисија. Повеќето од евро-програмите се насочени на мали и средни бизниси, сето тоа опфаќа 99,8% од економијата на стариот континент. Така што во оваа насока има исклучително многу инструменти за поддршка.


Халачев додаде дека овие средства би дошле преку ,,хоризонт 20,, кој има специјален инструмент за мали и средни претпријатија кој би можел да добива до 2,5 милиони евра неповратни средства. Така што треба да имаме интересни проекти за мал и среден бизнис, како и иновации, бидејќи без иновации немаме можности на светските пазари. Треба да сме иновативни и да се бориме за проектите, потенцираше Халачев.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.