All for Joomla All for Webmasters

Почнува исплатата на субвенциите за тутунот

Субвенции за тутунот

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) соопшти дека денеска почнува исплатата на субвенциите за тутунот од реколатата 2017.


По овој повод, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, директорот на Платежната агенција Николче Бабовски и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Јане Станкоски ќе одржат прес-конференција во село Ивањевци, општина Могила, на која ќе соопштат детали околу  исплатата на поддршката.


Според МЗШВ, зголемени субвенции за тутунот од реколтата 2017 ќе добијат над 23.400 тутунари.


- Годинава се постигна највисока просечна цена од 217,6 денари за килограм, додека со новиот начин на зголемено субвенционирање во три нивоа што почнува со реколтата 2017, за прва класа субвенцијата е 80 денари, за втора 70, а за третото ниво за трета и четврта класа како и за дополнителни класи е 60 денари, информира Министерството.


Целта на новиот модел на субвенционирање е да се поттикнат тутунарите да произведуваат поквалитетен тутун за да добијат повисока субвенција.


Тутунопроизводството во Македонија остварува девизен прилив од околу 100 милиони евра годишно. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.