Законски измени за продолжување на мерката за пет проценти ДДВ за продажба на станови

За пет години, односно до крајот на 2023 година се пролонгира рокот на примена на повластената стапка од пет проценти, на првиот промет на станбените згради и на становите што се користат за станбени цели, предвидува Предлог – законот за изменување на Законот за додадена вредност, усвоен на вчерашната седница на Владата.

 

- Измените предвидуваат пролонгирање на рокот на примена на повластената стапка од пет проценти, на првиот промет на станбените згради и на становите кои се користат за станбени цели, а кој ќе се изврши во рок до пет години по изградбата. Со предлог – законот рокот се продолжува за уште пет години односно од почетокот на следната година до крајот на 2023-та, соопшти владината прес-служба.

 

Продолжување на мерката за пет проценти ДДВ за продажба на станбен простор изминатиот период бараше приватниот градежен сектор. Градежната комора при Сојузот на стопанските комори на Македонија оцени дека ова е една од клучните мерки за стабилизирање на работата во градежниот сектор.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.