Во мај зголемен бројот на странските туристи за 11,2 проценти
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Создадено: 12 Јули 2018
Во мај Република Македонија ја посетиле за 11,2 проценти повеќе странски туристи во споредба со мај лани, објави Државниот завод за статистика.
Бројот на странските туристи што ја посетиле земјава во мај изнесува 72.627, а вкупниот број туристи во овој месец изнесувал 104.034 при што оствариле 211.234 ноќевања.
Бројот на домашните туристи во мај 2018 година, во однос на мај 2017 година, е зголемен за 1,2 отсто.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во мај 2018 година, во однос на мај 2017 година, е намален за 4,8 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 12,4 отсто.
Во периодот јануари – мај 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 15,1 отсто, и тоа кај домашните туристи има зголемување за 7,8 отсто, а кај странските има зголемување за 19 проценти.
Во периодот јануари – мај 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 13,6 отсто и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5,4 отсто, а кај странските има зголемување за 19,1 отсто.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс