Голем пад на продажбата на дизел-возила во Европа

Продажбата на автомобили со дизел мотори во Европа е драстично намалена во првата половина од годинава поради загриженоста кај купувачите околу загадувањето и пониската вредност на тие возила при евентуална препродажба.

 

Пазарниот удел којшто се однесува на продажбата на дизел-возилата во Европската Унија, падна на 36,5 отсто во првата половина од оваа година. Тој параметар лани изнесувал 42,5 отсто, стои во извештаите. 

 

Обемот на продажбата е намален за 16 отсто, т.е. 3,12 милиони автомобили, а во Велика Британија се продадени дури 30 отсто помалку дизел-возила во споредба со истиот период лани.

 

Во Германија, матичната земја на најголемите светски производители на дизел-автомобили, како што се Фолксваген и Бе-ем-ве, уделот во продажбата на дизел-возила е помал за 31,1 отсто од вкупно продадените автомобила. Тој број лани изнесувал 41,3 отсто.

 

Многу од големите европски градови, меѓу кои и Берлин, Лондон и Париз воведоа програми за забрана на дизел-автомобилите, со цел - сузбивање на загадувањето на животната средина.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.