Македонија привлечна дестинација за европските компании

Македонија и Шведска имаат исклучително позитивни и пријателски политички односи, што претставува широк потенцијал за соработка и на двете економии. 

 

Ова го истакнал вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на средбата со Карл Јохан Хедберг и Един Чолак, претставници на „Бизнис Шведска“, чија улога е да ги истражат и промовираат бизнис потенцијалите за шведските компании. 

 

Османи на средбата, како што информира Секретаријатот за европски прашања, посочил на активностите на шведската држава, како во напредокот на европските и евроатлантските интеграции на земјата, така и на директната билатерална помош што Шведска ја обезбедува за Македонија. 

 

- Македонија се наоѓа на почеток од последната фаза за полноправно членство во Европскта унијата - објаснувачкиот скрининг пред почетокот на преговорите, што значи и целосна синхронизација на нашата економија и општество со она на Унијата, нагласил Османи. 

 

Според него, следниот период е најдобра бизнис можност за директни странски инвестиции, со оглед на политичкиот, институционалниот и општествениот напредок кој државата го очекува. 

 

„Бизнис Шведска“ (Business Sweden) претставува партнерска институција на Владата и шведскиот бизнис сектор, чија улога е да обезбеди потенцијал за економска и бизнис размена на шведската економија, да ги утврди и промовира бизнис и економските можности за соработка и да обезбеди пристап на шведските компаниите до странските пазари и можности за инвестирање.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.