Ауди казнет со 800 милиони евра!

Германскиот производител на автомобили Ауди, дел од групацијата Фолксваген, соопшти дека е казнет со парична казна од 800 милиони евра за прекршувања поврзани со шест и осум цилиндрични дизел мотори што не се во согласност со стандардите за заштита од загадување.

 

Имено, од Ауди манипулирале со нивоата за емисии на штетни гасови.

 

- Поради тие специјални ставки, Ауди значително ќе ги поткопа главните показатели за успешност на финансиските индикатори за фискалната 2018 година, се вели во соопштение на Ауди.

 

Фолксваген предупреди дека и неговата заработка ќе биде засегната.

 

- Ауди ја прифаќа казната и нема да поднесе жалба против тоа, соопшти компанијата. Со тоа, Ауди ја признава својата одговорност за отстапувањата од регулаторните барања.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.