Намалена пазарната вредност на ,,Волво тракс"

Пазарната вредност на шведскиот производител на камиони „Волво тракс“ (Volvo Trucks) значително се намали откако компанијата призна сериозни проблеми во системот за контрола на емисии на штетни гасови на своите камиони и автобуси што се продаваат во Европа и во Северна Америка.

 

Шведскиот гигант преку соопштение посочи дека причината е застареноста на материјали во некои компоненти, поради што емисиите можат да ја надминат границата. 

 

По објавувањето на соопштението, акциите на „Волво тракс“ се намалија за 9,3 отсто, што е најголем пад од јуни 2016 година.

 

Компанијата загуби 16,8 милијарди круни (1,9 милијарди долари) од нејзината пазарна вредност.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.