Акциите на НЛБ почнаа да котираат на Љубљанската берза

Со акциите на најголемата словенечка банка – Нова Љубљанска банка (НЛБ) вчера почна да се тргува на Љубљанската и Лондонската берза, како што беше и предвидено откако минатата недела беше заклучена иницијалната јавна понуда (ИПО), во која словенечката држава продаде 59 отсто од акциите на НЛБ.

 

Со оглед дека за т.н. стабилизациски акции се предвидени 5,9 отсто од акциите, државата продаде околу 65 отсто од акциите на НЛБ.

 

Акциите на НЛБ во јавна понуда се продадени по цена од 51,50 евра по акција, а веќе во првиот час од тргувањето на Љубљанската берза цената дојде до 56,50 евра, што е околу 10 отсто повеќе од цената во ИПО.

 

Од Словенечкиот државен холдинг истакнуваат дека успешно го спровеле првиот чекор во приватизацијата на НЛБ, со што државниот буџет доби повеќе од 600 милиони евра (каде не се пресметани стабилизациските акции во вредност од 61 милион евра).

 

Словенечката држава и натаму е најголем поединечен сопственик на НЛБ, а предвидено е следната година да продаде уште еден удел, по што би останала сопственик на 25 отсто плус една „златна“ акција. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.