Два и пол пати помали казни за малите фирми, предлага Владата

За физичките лица 75 отсто пониски глоби, а за малите фирми 2,5 пати помали казни, предвидува Предлог-законот за прекршоци што беше усвоен денеска на владина седница.

 

Како што соопшти Владата, целта на законот е намалување на ригорозните казни за граѓаните и за фирмите.

 

-Казните ќе бидат сразмерни и нема да го загрозуваат работењето и опстанокот на фирмите, ниту ќе го отежнуваат животот на граѓаните. Исто така, предлог-законот предвидува и опомена заради превенција, информира владината прес-служба.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.