САД: Кина ќе ги намали тарифите за автомобилите од САД

Американскиот министер за трговија Вилбур Рос ја поздрави одлуката на Кина да ги намали тарифите за автомобилите произведени и увезени од САД.

 

"Ова е многу конкретна помош", изјави тој за CNBC, додавајќи дека овие мерки може да и помогнат на администрацијата на Трамп во своите разговори со германските производители и да ги поттикне да произведуваат повеќе во САД. БМВ е еден од најголемите увозници на автомобили во Кина, со 40 отсто од увозот на земјата, вели Вилбур Рос.

Во вторникот Блумберг објави дека предлогот за намалување на тарифите за американските автомобили, увезени во Кина бил на разгледување во кинеската влада, наведувајќи ги како извори луѓето блиски во разговорите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.