All for Joomla All for Webmasters

Извозот зголемен за 22,4 отсто, узозот за 18,8

Раст од 22,4 отсто бележи извозот од Македонија во 11-те месеци од минатата година во однос на тој период претходната година, објави Државниот завод за статистика.

 

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – ноември 2018 година, изнесува 6.357.186 илјади американски долари.  Вредноста на увeзената стока, во периодот јануари-ноември 2018 година, изнесува 8.299.399 илјади американски долари, што е за 18,8 отсто повеќе во споредба со тој период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – ноември 2018 година, изнесува 1.942.213 илјади американски долари.  Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – ноември 2018 година, изнесува 76,7 отсто.

 

Од Македонија најмногу се извезувале катализатори на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел).

 

Најмногу се увезувале платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени.

 

Во периодот јануари – ноември 2018 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Бугарија.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.