Македонците во просек трошат по 20 евра за онлајн трансакција кај домашните трговци

Трендот за онлајн купување од домашните продавачи се менува во позитивен правец за македонските е-продавници.

 

Македонските граѓани трошат просечно 19,7 евра на една онлајн трансакција кога купуваат дома, додека 31,5 евра кога купуваат од странски е-трговци.

 

За зголемената заинтересираност за онлајн купување во голема мера придонесува и побогатата понуда од домашните е- трговци.Сепак, во споредба со извршените купувања од странски компании, бројот на купувања од домашниот електронски пазар е значително помал.

 

Тоа, според Асоцијацијата за електронска трговија се должи на недостигот од едукација и доверба, а таа ја градат најмногу домашните компании со нивните понуди, процеси, поддршка за купувачите и целокупно добро искуство кое ќе ги пресретне и надмине очекувањата на купувачите.

 

Според извештајот на Асоцијацијата за е-трговија, трансакции во вредност од 100 милиони евра се направени со платежни картички за купување онлајн во првите три квартали од минатата година, или за 28 проценти  повеќе на истиот период 2017 година. Поединечните трансакции во овој период бележат уште поголем пораст, од 39 проценти.

 

Најголем дел од направените онлајн купувања, односно 63 проценти, биле потрошени за купувања од странски е-трговци или скоро 63,34 милиони евра, наспроти 31,15 милиони евра остварени кон домашните е-трговци кои се 33 проценти.

 

Четири проценти или 3,8 милиони евра од вредноста на трансакциите остварени кон домашни е-трговци се направени од иматели на странски платежни картички. Направените онлајн купувања од имателите на македонски платежни картички кон домашните е-трговци забележува раст од 51 процент во однос на истиот период од 2017 година, додека странците во Македонија потрошиле за 82 проценти повеќе онлајн кај домашните е-трговци.

 

Во податоците од НБРМ за онлајн остварени трансакции се бројуваат и трансакциите за плаќања на сметки за вода, струја, телефон што се реализирани онлајн со платежни картички, што пак зборува за искористеноста на модерната технологија.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.