All for Joomla All for Webmasters

Светска банка: Mакедонската економија годинава со раст од 2,9 отсто, а следната 3,2

Македонија минатата година забележа економски раст од 2,5 отсто, а во 2019-та ќе достигне 2,9 проценти, објави Светска банка во јануарскиот Глобален економски извештај.

 

За 2020 година Светска банка предвидува раст на македонскиот БДП од 3,2 отсто, а во 2021 од 3,3 проценти.

 

Проекциите на банката за Македонија се коригирани во нагорна линија за 0,2 отсто и за лани, и во 2019, 2020 и 2021 година.

 

Во извештајот на Светска банка се наведува дека економскиот раст забележан во изминатата година по изборот на новата Влада придонесе за ставање крај на политичката криза и подобрување на инвестициската клима во земјата.

 

Во регионот на Југоисточна Европа највисок раст годинава и во 2020 година ќе забележи Косово од 4,5 отсто. Србија годинава ќе има раст од 3,5, а  следната од 4 отсто, Албанија од 3,6 и 3,2, Босна и Херцеговина од 3,4 и 3,9 отсто, Бугарија од 3,1 и 3 отсто , Хрватска од 2,8 отсто и во 2019 и во 2020 година, а Црна Гора од 2,8 и 2,5 отсто.

 

Светска банка предвидува дека глобалната економија годинава да забележи раст од 2,9 отсто , а во 2020 од 2,8 проценти.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.