ЈП „Пазаришта“ Куманово ќе продолжи со реализација на прекуграничниот проект

Санирани се тоалетите и покривот на Зелениот пазар во Куманово, информираше на денешната седница, директорот на ЈП „Пазаришта“ Илир Саити. Тој посочи дека оваа реконструкција се реализира со средства од прекуграничен проект којшто го спроведуваат пазарите од Куманово и Гњилане. Оваа година, додаде ќе продолжи санацијата на долниот дел од пазарот.
 
 
-Проектот е во завршна фаза, рече Саити, одговарајќи на прашања на советниците од опозицијата на денешната седница на куманоvскиот совет.
 
 
Од октомври, минатата година, претпријатието стопанисува со паркинг просторот во близина на Зелениот пазар. Годинава, ќе се модернизира и ќе се наплаќа. Тезгите ќе се менуваат, ако помине проект за кој претпријатието ќе аплицира заедно со пазарот од Бујановац од соседна Србија. Наредниот период планирана е замена на бетонските тезги со боксови, за што ќе бидат потребни дванаесет дена, а тезгациите нема да платат додека се врши замената, рече Саити.
 
 
Советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Невена Величковска побара објаснување за високата сметка за репрезентација и побара средствата за оваа  намена да се пренасочат за одржување на хигиената на пазарот. Саити рече дека површината на трите пазари е значителна и затоа се потребни повеќе средства, истакнувајќи дека е голем бројот на клиентите кои неретко знаат несовесно да се однесуваат.
 
 
Советничката од ВМРО ДПМНЕ, Анета Шандева Доневска побара објаснување за големите раходи на претпријатието за електрична енергија, кои годинава се планирани во износ од 1,7 милиони денари и праша на што се загреваат вработените. Таа појасни дека за амортизација на возило се одвојуваат 1,7 денари. Саити рече дека средствата се предидени, но не значи и дека ќе се потрошат.
 
 
Од претпријатието посочуваат дека ќе се однесуваат согласно новиот закон за пазари. Опозицијата посочи дека и минатата година, иако биле предвидени изградба на цветен пазар, тоа не се случило, ниту пак е изграден пазар за половни автомобили.
 
 
Советникот од НСДП, Благојче Јаќимовиќ праша зошто е зголемена цената од закупнината од тезгите која за годинава е планирана да изнесува 18 милиони денари. Саити истакна дека е поставени мини тезги кои ќе се издаваат под кирија.
 
 
На денешната седница беше верификуван мандатот на новиот советник Сашо Стошевски, од Коалцијата „За подобра Македонија“ кој доаѓа на местото на Срѓан Рушити. На седницата, прва за оваа година беа донесени и повеќе детални урбанистички планови.




Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.