Лидер на "Жолтите елеци" повика на напад врз банкарскиот систем

Едно од лицата на протестите во Франција објави план за напад врз банкарскиот систем, пренесуваат локалните медиуми.

 

Се попопуларниот профил на социјалните мрежи меѓу "Жолтите елеци", Максим Никол, кој е познат на интернет како Fly Rider, ги повика сите демонстранти истовремено да ги повлечат своите заштеди од банките.

Локалниот печат појаснува дека така финансиските институции ќе бидат притиснати од недостаток на ликвидни средства и може да бидат принудени да прогласат банкрот.

Според весникот "Les Еchos" сличен случај во последно време имало во 2007 година, иако не бил поврзан со организирано, протестно движење.

Експертите проценуваат дека ризикот од практикување на планот на Никол е многу низок.






Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.