Голем интерес кај кавадарчани и росоманци за набавка на земјоделска механизација преку ИПАРД

Голем е интересот  кај кавадарчани и росоманци за набавка на земјоделска механизација  преку ИПАРД програмата.

 

Оваа информација за МИА ја потврди Драган Николов, советник во кавадаречката подружница на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството. На тие што ги исполнуваат условите, им се враќаат 60 до 70 проценти од вложените средства при набавка на земјоделската механизација.

 

-Голем број на земјоделци доаѓаат кај нас и се интересираат околу условите кои треба да ги исполнуваат, за да обезбедат земјоделска механизација, од најновиот повик за ИПАРД поддршка, што е во тек. Некои од нив имаат земјоделска механизација стара и по неколку децении и ова им е можност да го обноват својот возен парк, појасни Николов.

 

Тој нагласи дека во изминатите години, со финансиска поддршка, во Тиквешко се обезбедени околу 500 парчиња земјоделска механизација за земјоделците.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.