Осум нови нискобуџетни авиолинии годинава за македонски граѓани

Осум нови дестинации преку авиокомпанијата „Визер“ ќе им бидат достапни на македонските граѓани од скопскиот и охридскиот аеродром. Четири нови линии ќе бидат воспоставени од скопскиот и четири од охридскиот аеродром.

 

Отворањето на новите авиолинии е овозможено преку тендерот за нискобуџетски авиолинии што го распиша Владата, а на кој како единствена компанија се пријави „Визер“, која веќе ги опслужува македонските граѓани. Договорот за субвенционирање на евтини авиолинии беше потпишан денеска во Владата на Република Македонија.

 

Од скопскиот аеродром ќе бидат отворени две нови линии кон Германија и тоа кон Баден-Баден и Бремен, потоа кон Ларнака во Кипар и кон Турку во Финска, додека од Охрид ќе се лета кон Малме во Шведска, Милано во Италија и кон Меминген и Дортмунд во Германија.

 

Од „Визер“ денеска најавија дека од март ќе бидат воспоставени двете линии до Германија и авиолиниите од Охрид до Милано и до Малме, а билетите за овие дестинации ќе почнуваат од 1.164 денари или 19,99 евра. Од јули се очекува да бидат воспоставени двете линии од Охрид до Германија и двете нови дестинации од Скопје до Ларнака и Турку. Најавуваат дека во јули ќе биде донесен и уште еден петти авион, а целта на компанијата е да имаат поголема интерактивност со корисниците на дигитален начин.

 

Денешниот договор за субвенции за авиолинии е трети по ред договор што го потпишуваат македонската Влада и „Визер“.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.