600 милиони квч струја произведени лани во ХЕС„Црн Дрим“

Хидроелектраните „Шпилје“ и „Глобочица“, кои го сочинуваат Хидроенергетскиот слив(ХЕС) „Црн Дрим“ минатата година произвеле околу 600 милиони киловат часови електрична енергија, што е за над 60 осто повеќе споредено со прозводството во 2017 година.

 

– Во ХЕ„Шпилје“,кај Дебар произведени се 368,4 милиони киловат часови електрична енергија, што е за 54 отсто над планираното  и речиси 2,5-пати повеќе од произведеното во 2017 година,кога истото беше 158,6 милиони квч. Ова прозводство е помало само во однос на 2010 и 2013 година,-изјавија за МИА надлежните во ЕЛЕМ.

 

Според истиот извор и во ХЕ„Глобочица“, ланското прозводство е за речиси 2,5-пати поголемо од претходната година.

 

-Во ХЕ„Глобочица“,кај Струга произведени се 230,2 милиони квч,што е 53 отсто над планираното и речиси 2,5-пати повеќе од произведеното во 2017 година,кога беа прозведени 97,6 милиони. Ова прозводство е помало само во однос на 2006, 2010 и 2013 година,-посочуваат од ЕЛЕМ.

 

Како резултат на исклучително поволната хидрологија,како и подготвеноста на електромашинската опрема, годишниот план  двете хидроелектрани го реализираа уште во месец мај.

 

Моментно во акумулациите на двете ХЕ има  резерва на вода за прозводство на 32 милиони квч електрична енергија. Треба да се нагласи дека во снег има големи резерви во сливното подрачје.

 

Инаку, со навреме и успешно реализираните ремонти и ревизии на елекромашинската опрема, двете електрани се подготвени да ја примат и преработат количината на вода што ќе пристигне и да работат под полн капацитет.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.