Понеповолни состојбите во преработувачката индустрија

Економската состојба на деловните субјекти во преработувачката индустрија според оценката на нивните раководителите во декември 2018 година е поповолна во однос на претходниот месец, како и во однос на декември 2017 година.

 

Нивната оценка за состојбата за обезбедност на производството со порачки во декември 2018 во однос на ноември 2018 година, е поневолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, залихите на готовите производи се намалени во однос на ноември 2018 година, а сеочекува и бројот на вработени да се намали.

 

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во декември 2018 година изнесува 68,8 отсто од нормалното искористување.

 

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат недостигот на квалификувана работна сила со 28,8 отсто, недоволната домашна побарувачка со 14,7 отсто, недоволната странска побарувачка со 14,6 отсто и неизвесното економско опкружување со 10,4 отсто.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.