Париз негира дека му предложил на Токио спојување на Рено и Нисан

Францускиот министер за економија Бруно Ле Мер ја негираше информацијата во јапонските медиуми дека претставници на француската држава побарале спојување на компаниите "Рено" и "Нисан", пренесе Франс прес.

 

Нема сценарио за обединување на двете автомобилски компании, изјави денеска пред новинарите министерот, кој е во посета на Египет.

Претходно, јапонскиот весник "Никеи" соопшти дека француска делегација оваа недела го посетила Токио, инсистирајќи двете компании, кои во моментов се Унија, да се обединат во единствена холдинг корпорација.

Според изворот цитиран од страна на Kyodo, таква била желбата на францускиот претседател Емануел Макрон.

Француската страна исто така ги информирала Јапонците дека планира да назначи нов претседател на Одборот на директори на "Нисан" на местото на уапсениот кон крајот на минатата година, Карлос Гон.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.