МФ: Повратот на ДДВ во јануари натфрлен за 16,8 проценти во однос на лани

Продолжува праксата на редовен и неселективен поврат на ДДВ, во јануари фирмите добија 2,2 милијарди денари поврат на данок за додадена вредност (ДДВ), или 35,7 милиони евра. Ова е за 315 милиони денари или 16,8 отсто повеќе во однос на истиот месец лани, соопштија од Министерството за финансии.

 

Според министерот за финансии Драган Тевдовски ова е значајно за одржување на ликвидноста во стопанството.

 

-Редот кој го воспоставивме со повратот на ДДВ, односно обезбедувањето на редовен и неселективен – автоматски поврат, е значаен за подобрување на ликвидноста во стопанството. Со тоа се обезбедува нормално работење на фирмите, но и се стимулира инвестициската активност – истакнува Тевдовски.

 

Во насока на обезбедување на автоматски поврат на ДДВ, Управата за јавни приходи направи и Модул за автоматски поврат и пребивање даноци кон сите даночни обврзници, кој ќе биде имплементиран во текот на годинава.

 

Минатата година, Министерството за финансии извршило вкупно поврат на ДДВ кон фирмите во износ од 375,6 милиони евра, што претставува 60 милиони евра повеќе во однос на 2017 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.