СКМ: Позитивниот кредитен рејтинг во земјата отвора можности за пристап до странските пазари

Кредитниот рејтинг на Република Северна Македонија во февруари 2019 година, според бонитетната куќа „Кофејс“-Хрватска, е оценет со ознака Б, со тенденција за стабилност до крајот на 2019 година. Бизнис климата е оценета со ознака А4. Ова е напредок за разлика од претходните години кога државата беше оценета со ознака Ц за ризик на земјата и исто ознака Ц за бизнис климата во државата.

 

За ова информира Валентина Цветковска од Стопанската комора на Македонија на денешната прес-конференција на тема „Повисок кредитен рејтинг на земјата за подобар бонитет на македонските извозници пред странските партнери“.

 

При детермирањето на кредитниот рејтинг на една држава, Цветковска појаснува дека во предвид се земаат неколку важни фактори: националниот приход по глава на жител, растот на БДП, стапката на инфлација, фискалната рамнотежа, јавниот долг и економскиот развој.

 

Според Цветковска зголемениот кредитен рејтинг ќе им помогне на клиентите и бизнис партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога ги склучуваат деловните договори, поголемата оцена во бонитетните извештаи ќе овозможи поголем кредибилитет во очите на клиентите и бизнис партнерите, помал бизнис ризик, поголема доверба и полесно побрзо и помалкуризично донесување на бизнис одлуките.

 

– При изготвувањето на анализата на кредитниот рејтинг, наведени се предностите на нашата држава: интеграцијата во германскиот ланец на производство (40 отсто од вкупниот извоз е во Германија), близината на централно европските фабрики, конкурентноста на платите, поддршката на меѓународните донатори, како и високите дознаки на работниците во странство, и денарот што е врзан со еврото, информира Цветковска.

 

Позитивниот кредитен рејтинг во земјава, како што рече оперативниот директор на СКМ Анета Трајковска доведува до отварање на можностите на македонските компании за пристап до странските пазари, а пред се да бидат препознаени од странските деловни партнери.

 

Имено, СКМ за своите компании-членки го започна проектот „Excellent SME Macedonia“ во април 2013, а бројот на сертификати континуирано расте, односно бројот на успешни компании од година во година се зголемува.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.