Падна почетно високата откупна цена на пролетната зелка во Струмичко

Производителите на пролетна зелка од струмичкиот регион реагираат на падот на откупната цена на пролетната зелка, која за само два дена падна од 50 на 30 денари за килограм.

 

-Во недела отупната цена беше 50 денари, па трговците ја намалија на 45, потоа на 40 за да може да се откупува и еве денес се откупува за 30 денари за килограм. Оваа цена е прифатлива за нас, но доколку не падне и се задржи во наредниот период, рече Коце Божиков, производител на пролетна зелка од село Дабиле.

 

Според трговците, откупната цена генерално ја диктира понудата и побарувачката. Тие демантираат дека минатата недела зелката се откупувала за 50 денари за килограм, туку цената изнесувала 45 денари.

 

-Вчера и денес има зголемена побарувачка за пролетната зелка, но по цена од 30 денари за килограм. Ако се погледне реално, кога зелката се откупуваше за 45 денари за килограм тогаш едно парче тежеше околу половина килограм, а сега тежината изнесува 1 до 1,5 килограми. Не е тешко да се пресмета дека прозводителите достигнуваат добра откупна цена, смета Благој Витанов, трговец и откупувач од Струмица.

 

Инаку,пролетната зелка се извезува во сите земји од поранешна Југославија, Украина, Романија, Бугарија и мал дел во земји од Европската Унија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.