Од ноќеска на полноќ, големо поскапување на горивата

Малопродажните цени на бензините од ноќеска се зголемуваат за 2,5 до три денари, а на дизелот за 1,5 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

 

За три денари од ноќеска на полноќ ќе биде зголемена цената на Еуросупер 95 и ќе се продава по 71,5 денари за литар, додека за 2,5 денари се зголемува цената на Еуросупер 98 и ќе се продава по 73 денари за литар.

 

Малопродажната цена на Еуродизелот се зголемува за 1,5 денари и ќе изнесува 62,5 денари, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 51 денар.

 

Се зголемува малопродажната цена и на мазутот и ќе изнесува 34,45 денари за килограм.

 

Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-ет дневен период изнесуваше 70,422 долари за барел, додека курсот на денарот во однос на доларот изнесуваше 54,67 денари.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.