Сугарески: Инвестираме преку милијадра евра во инфраструктурата, француските компании се добрeдојдени
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Создадено: 16 Април 2019
Инфраструктурните проекти што се реализираат во Република Северна Македонија со посебен акцент на проектите во делот на патната и железничката инфраструктура биле тема на денешната средба на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние и претставници од Агенцијата за развој на Франција задолжени за Балканот.
Како што информираат од Министерството за транспорт, министерот Сугаревски ги најави проектите за изградба на пругата на Коридор 8, како и плановите за развој на патната мрежа во земјава. Тој потенцираше дека во тек е инвестициски циклус преку милијарда евра и ги повика сите заинтересирани компании од Франција кои работат во делот на транспортот да учествуваат на јавните повици за реализација на капиталните инвестиции.
-Денеска остварив средба со амбасадорот и претставници од француската АФД за Балканот. Разговаравме за проектите што ги реализираме во делот на инфраструктурата, ги информирав колегите од Франција дека инвестираме преку една милијарда евра во изгардба на патишта и железници. Исто така ги повикав сите заинтересирани компании од Франција да учествуваат на јавните повици што ќе ги објавиме во наредниот период за реализација на сите планирани проекти. Се надевам дека ќе имаме добра соработка, изјави министерот за транспорт и врски Сугарески.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс