All for Joomla All for Webmasters

Министерот Шапуриќ посети неколку компании во Кочани

Министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија Зоран Шапуриќ посети повеќе компании во Кочани, помеѓу кои текстилните компании „ИНТ" фешн груп и „Данитекс", како и фабрика за производство на стиропор и изолациски материјали „Хипотерм", печатницата „Рики Јуниор" и „Балканографик", со чии менаџменти разговараше за нивното работење, плановите, но и за проблемите со кои се соочуваат, соопштија денеска од неговиот кабинет.

 

Министерот Шапуриќ,  разговараше со менаџментот на овие компании и ги разгледа нивните производни погони. За време на разговорите министерот беше запознат со нивното тековно работење, за нивните планови за воведување на нови технологии, развој, напорите за освојување на нови пазари… Тие, исто така, го запознаа Шапуриќ со проблемите со кои се сретнуваат во нивното тековно работење, особено со недостиг на квалификувани работници и инженери.

 

Во текстилната компанијата „Данитекс" која воедно минатата година потпиша Договор за финансиска поддршка со Владата на Република Северна Македонија, беше истакато задоволство за можноста да го користат овој бенефит и дека очекуваат во наредниот период таа да биде поттик за нови инвестиции, зголемување на конкурентност и освојување на нови пазари. Во разговорите беше потенцирано дека сите овие компании редовно исплаќаат плати на вработените и редовно ги подмируваат сите обврски.

 

Шапуриќ го запозна менаџментот на овие компании со мерките од Планот за економски раст на Владата на Република Северна Македонија, според кои од минатата година покрај странските инвеститори и домашните инвеститори добиваат поддршка од државата, како и со измените на Законот за финасиска поддршка на инвестици, кои произлегоа од потребите изразени од страна на компаниите на ваквиот тип на посети. Исто така, министерот изрази отвореност за понатамошна соработка со секоја компанија која има некаков предлог за подобрување на мерките.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.